Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Пратеникот Мурати на средба со делегацијата на АК Парти во рамки на конференцијата „Од срце до срце“ за Балканот

Пратеникот Сали Мурати оствари средба со претставнички од турскиот парламент и АК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Сали Мурати оствари средба со претставнички од турскиот парламент и АК Парти, при што беа разгледани билатералните односи меѓу Македонија и Турција, како и состојбите и предизвиците со кои се соочува турската заедница во земјата, соопштуваат од Собранието.

Како пратеник на Движењето на Турците за правда и демократија – Европски фронт, Сали Мурати, денеска, остварил средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамки на конференцијата организирана во рамките на програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот.

– Средбата се одвиваше во пријателска и конструктивна атмосфера. Констатирано беше дека билатералните односи меѓу Македонија и Република Турција почиваат на цврста пријателска основа, при што истовремено се изрази заедничка согласност дека постои значаен простор за нивно понатамошно унапредување и продлабочување во сите сфери, вклучувајќи ги парламентарните, политичките и економските врски – стои во соопштението.

Реклама

Во текот на разговорите, како што дополнуваат, се посветило посебно внимание на актуелните состојби и предизвиците во парламентарниот живот, политичката и економската состојба во земјата, како и на нашите заложби во процесот на европска интеграција.

– Особено значаен дел од средбата беше посветен на положбата на турската заедница во државата. Во таа насока пратеникот Мурати ги изнесе актуелните предизвици со кои се соочуваат припадниците на турската заедница, меѓу кои: пристапот до образование на мајчин јазик, службената употреба на турскиот јазик, правичната застапеност во институциите, прашањата поврзани со изборниот модел, заштитата на културното наследство, како и специфичните тешкотии со кои се соочуваат жителите на руралните средини каде живее турското население. Со загриженост и со чувство на одговорност истакна дека турската заедница се наоѓа во нерамноправна положба и дека е потребен конкретен и одржлив ангажман за подобрување на нејзиниот статус – дополнуваат оттаму.

Пратеникот Мурати изразил убеденост дека продлабочувањето на соработката меѓу двата парламента и двете општества може да донесе конкретни позитивни резултати за сите граѓани на Република Северна Македонија.