Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Гаши со поддршка за унапредување на женското учество и лидерство во јавниот и политичкиот живот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамки на конференцијата организирана како дел од програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот.

Како што соопштија од кабинетот на Гаши, на средбата, претседателот на Собранието им ја честитал вредната иницијатива и успешната организација на конференцијата, при што биле разменети мислења и искуства за зајакнувањето на улогата на жените и значењето на нивното претставување во јавниот и политичкиот живот. Воедно, тој ја изрази својата целосна поддршка за унапредување на женското учество и лидерство.

-Соговорниците ја оценија средбата како пријателска и конструктивна, нагласувајќи дека таа претставува значаен придонес кон продлабочување на дијалогот, меѓусебната соработка и пријателските односи, стои во соопштението.