Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал

Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде изземен од политичкиот прогон кој го извршуваа, благодарение на Катица Јанева, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешен судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски јавно изјави дека бил разрешен откако не дал позитивно мислење за случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска, утредента на вонредна седница на Судски совет, веќе бил разрешен од функцијата. Во кратки црти, Катевеновски бил разрешен затоа што не постапил по политичка директива.

Да не го заборавиме и Кацарска судството која делуваше по насоки на Заев, за што и стана Уставен судија, и за Русковска обвинителството, која по насока на Заев бараше 200 години затвор за уставобранителите, за дело кое не соодвествува со реалноста.

Реклама

Тогаш СДСМ молчеше и не ги осудуваше тие случувања.

Сега СДСМ реагира за телефонски разговор помеѓу претседател на Влада и државен јавен обвинител. Што е тука криминал, ако премиер побара да се информира за скандалот со ослободување од одговорност за милионски криминал во ТЕЦ Неготино? Вака СДСМ директно се вклучува во одбрана на Васко Ковачевски кој е ослободен во бегство од политичкото обвинителство водено од Ислам Абази, кадарот на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче.