Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) Скопје и Министерството за европски прашања, ја истакна важноста на Реформската агенда како клучен инструмент за институционална трансформација и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија. 

Како што соопшти МЕП, тој нагласи дека Македонија беше првата држава во регионот што ја финализираше Реформската агенда и ги потпиша договорите во рамки на Reform and Growth Facility, исполнувајќи ги условите за исплата на предфинансирањето.

-Беше истакнато дека досега фокусот бил главно на исполнување на чекорите и обврските, додека сега е време да се зборува и за конкретните ефекти и придобивки што реформите ги носат за граѓаните и институциите, стои во соопштението.

Реклама

На состанокот се одржале тематски дискусии за енергетската транзиција и дигиталната трансформација, развојот на приватниот сектор и деловното опкружување, човечкиот капитал, како и владеењето на правото и доброто управување.

Од Мнистерството додаваат дека биле презентирани и наодите од пилот-мониторингот на Реформската агенда и беше дискутиран напредокот во спроведувањето на реформите во тековниот период, и реафирмирана посветеноста за продолжување на реформите и унапредување на процесот на европска интеграција, со порака дека европскиот пат бара резултати, одговорност и долгорочна визија.