Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Општина Кратово ќе додели финансиски субвенции денари за секој запишан средношколец во прва година

Советот на Општина Кратово, на предлог на градоначалникот Тодорче Николовски, едногласно донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Кратово, на предлог на градоначалникот Тодорче Николовски, едногласно донесе одлука за доделување еднократна парична помош како стимул за учениците кои ќе се запишат во прва година средно образование во општината.

Со одлуката, за учениците запишани во прва година гимназиско образование е предвидена еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари. За учениците кои ќе се определат за секторот угостителство и туризам, односно образовниот профил хотелско-ресторантски техничар со зголемен фонд на практична настава, Општината ќе додели еднократна субвенција од 3.000 денари.

– Дополнително, учениците запишани во овој профил како дел од дуалното образование, кои ќе ги исполнат условите, ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари во текот на девет месеци, обезбедена од Владата и Министерството за образование и наука – информираат од Општина Кратово.

Реклама

Од локалната самоуправа посочуваат дека мерката е дел од заложбите за задржување на младите во општината и поттикнување на нивното образование и професионален развој во сопствената средина.