Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Министерството за здравство: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман

На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите ниту, пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите во согласност со медицинските протоколи и стандарди – соопшти Министерството за здравство.

Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, од Министерството најостро ги демантираат изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани и апелираат до политичките субјекти и медиумите да се воздржат од ширење непроверени информации, кои предизвикуваат вознемиреност кај пациентите и нивните семејства, особено кога станува збор за чувствителни категории пациенти.

Инаку, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека во согласност со член 239-д од Законот за здравствената заштита, четирипати годишно се врши инспекциски надзори во јавните здравствени установи во врска со евалуација на успешноста на здравствената установа, која ја врши Министерството за здравство.

Реклама

Во Универзитетската клиника за хематологија последен редовен инспекциски надзор е извршен на 4 март годинава. При надзорот не се констатирани недостатоци по однос на резерви на потрошен медицински материјал (шприцови, игли, стерилни ракавици, кеси за венепункција..), како и средства за дезинфекција. Во однос на терапијата и третманот на пациентите, одлуките се во надлежност на стручните медицински тимови – информираат од Министерството за здравство.