Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Алиу: Човечки капацитети во здравството се создаваат за пет, за десет години

Здравствен капацитет, експерти или професионалци не се создаваат за еден ден, една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствен капацитет, експерти или професионалци не се создаваат за еден ден, една недела или за две години, тие се создаваат за пет, за десет години. Првпат правиме национална стратегија за човечки капацитети во здравството – изјави денеска министерот за здравство, Азир Алиу.

Заедно со Министерството за образование и наука, појасни, ќе предвидуваме број на капацитети, на перформансите, почнувајќи од медицински сестри до доктори и специјалисти.

– Се надевам дека таа национална стратегија ќе помогне за пет години да не биде тема колку доктори и медицински сестри ни требаат. Кадар недостига насекаде во светот. Секоја држава прави национална стратегија. Ние имаме фантастични доктори, кои работат надвор од нашата држава. Затоа една од целите во здравството е и телемедицината за да може и нив да ги вклучиме индиректно. Заедно со Лекарската комора работиме за да се оптимизира начинот како да добиваат лиценца за работа за да може и тие да бидат дел од здравствениот систем – рече Алиу одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираниот дел од Градската општа болница „8 Септември“.

Реклама

Додаде дека во овој период од пет-шест години мора да најдат начин долгорочно да размислуваат во креирање капацитети во здравството, а краткорочно како може тоа да се покрие со капацитети во и надвор од државата.

Претходно, директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во здравството недостига персонал, не недостигаат услови.

– Условите што ги гледате денеска само ќе бидат додадена вредност. Мораме кадровски да се екипираме – истакна д-р Стојаноски и додаде дека треба да се направи регионализација на услугите со ротација на персоналот и екипирање на центрите надвор од Скопје.