Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Онлајн-водич за квалификации – дигитална алатка што ќе го олесни изборот на основците при упис во средно образование

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од швајцарската амбасада подготвија онлајн-водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат.

Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се централизирани на едно место и систематизирани на начин што овозможува лесно пребарување по сектори, квалификации, региони, училишта…

– Водичот има информативна и советодавна улога и ќе им помага на учениците и нивните родители подобро да ги согледаат образовните насоки, перспективите за понатамошно образование, како и можностите за вработување и кариерен развој. Верувам дека младите ќе го користат и ќе си го олеснат изборот на средно училиште кога ќе дојде моментот за тоа – рече Јаневска.

Реклама

Посочи дека имаме квалитетен систем на средно стручно образование и ефикасен модел на дуално образование. 

– Ме радува што овој тип на образование не е само алтернатива за учениците, туку веќе неколку учебни години е прв избор, па така во оваа тековна учебна година од 17 илјади ученици запишани во прва година, речиси 12 илјади се запишани во стручни училишта – нагласи министерката Јаневска.

За новата учебна година конкурсот нуди 25 илјади слободни места, од кои 17 илјади се во стручните училишта, а од нив речиси седум илјади во дуалните паралелки, каде што практичната настава ќе ја реализираат над 1.000 компании.

– Овие резултати, поволни за нашата економија и за намалување на јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на работна сила, ги остваривме со поддршка на повеќе домашни и меѓународни партнери, а особено голем поддржувач се швајцарската влада и нејзините агенции, така што верувам дека за нови достигнувања во иднина соработката ќе ја издигнеме на уште повисоко ниво – рече Јаневска.

Ажурирањето на онлајн-водичот за квалификации ќе го прави Бирото за развој на стручното образование. Според директорот на оваа институција, Бесник Зендели, ако информацијата не е јасна и достапна – изборот не е вистински. 

Онлајн-водичот за квалификации е изработен со поддршка од швајцарската амбасада, од каде што оценуваат дека оваа платформа е значаен чекор напред во начинот на кој јавните институции комуницираат со граѓаните.

Според заменик-амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари, оваа платформа претставува премин од еднонасочна комуникација кон кориснички ориентиран пристап, кој придонесува за градење доверба, поголема транспарентност и доближување на институциите до граѓаните.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: