Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Поранешниот министер Николовски под истрага за злоупотебени 820.000 евра

Над 800 илјади евра народни пари од буџетот на Министерството за земјоделство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 800 илјади евра народни пари од буџетот на Министерството за земјоделство на чело на Љупчо Николовски, без никаков законски основ биле доделени на микро земјоделски производители на вино, дознава Алфа. Јавниот повик за фиансиска поддршка бил распишан во 2023 година кога министер за земјоделство беше Николовски, и според наводите 50 милиони денари или околу 820 илјади евра биле доделени на мали семејни винарии.

Парите, според информациите до кои што дојдовме биле доделени спротивно на законите, а освен Николовски, на разговор во полиција биле повикани и двајца тогашни членови во Комисијата за распределба, кои повеќе не работат во Министерството за земјоделство.

Во интерес на истрагата, наддлежните официјалнио не споделуваат какви било детали за случајот. Веројатно се собира и документација од Министерството за земјоделство за кривичната пријава која МВР треба да ја достави во Јавното обвинителство.

Реклама

Николовски пак преку статус на социјалните медиуми тврди дека ова бил монтиран случај, со цел власта да ја нападне според него најусшешната реформа во земјоделството.

  • „Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања.
    Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси“ пишува Николовски на својот ФБ профил.

Од она што може да се најде и на самиот профил на социјалните мрежи на ексминистерот е дека во март 2023 година бил распишан јавен оглас за семејни винарии по 10 илјади евра град за модернизација на производството и набавка на соодветна опрема.

Николовски во декември истата година, споделува фотографии дека 87 мали компании за вино добиле државни грантови. Веројатно токму таа програма е предмет на истрага на полицијата за сомнително доделување народни пари. Интересно е што идентичен оглас бил распишан и во 2022 година кога пари им биле доделени на 59 мали винарии.