Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: Филипче директно да одговори со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

Почитувани, На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

Во тотална безидејност за политичкото делување, СДСМ и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси.

Единствен но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар. Претходно беше Зоран Заев, а сега е Венко Филипче.

Реклама

Имено, Венко Филипче е политичар кој како претседател на партија има понизок рејтинг од самата партија, од само 3%, и тој истиот се дрзнува да говори за евроинтегративниот процес на државата, но веќе и граѓаните не се чудат на неговите говори, бидејќи од него и не се очекуваат некакви резултати.

Венко Филипче додека ја чува фотелјата во СДСМ, поклонета од Зоран Заев, јасно и гласно ги промовира неговите политики на удоволување на секој еден, освен на Македонија и македонскиот народ.

Филипче по доаѓањето на новата власт во Бугарија, не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни.

За среќа на македонскиот народ, Венко Филипче и СДСМ нема да дојдат на власт, затоа што со овие антидржавни политики и ненаучени лекции одржани од страна граѓаните, на следните избори ќе станат маргинална партија, а веќе на изборите по тие, може и да исчезнат од политичката сцена.