Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Над 300 деца дел од „Мини Олимписки игри 2026“ во Куманово

Спорт, дружење и едукативни активности денеска обединија околу 300 ученици од основните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спорт, дружење и едукативни активности денеска обединија околу 300 ученици од основните училишта во Куманово на манифестацијата „Мини Олимписки игри 2026“, која се одржа во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“.

Настанот беше организиран од Македонски олимписки комитет во рамки на ОВЕП програмата, поддржана од олимписка солидарност. Учениците се натпреваруваа во интерактивни игри и спортски активности преку кои се запознаа со олимписките вредности – фер-плеј, почит, пријателство, тимска работа и здрави животни навики.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, изјави дека целта е децата уште од најрана возраст да се доближат до спортот и олимпизмот преку игра и забава.

Реклама

– Мислам дека Куманово има здрава младина којашто сака спорт. Кога ќе погледнете вакво едно богатство, дечиња, среќни, весели е најубавото нешто што може да ни се случи. Ова не се само спортски игри тука има и вештини коишто сакаме да ги доближиме до најмалите- изјави Димевски.

Од Општина Куманово посочија дека ваквите настани имаат значење и за социјализацијата на младите.

– Сакаме младите што повеќе да се вклучуваат во спортски активности, бидејќи денес сè почесто се соочуваме со проблемот на дебелина кај младите. Но, подеднакво важно е и дружењето, тука има деца од различна етничка припадност кои заедно се дружат без предрасуди. Тоа е една од најголемите цели на овој настан – изјави Александар Крстевски од Секторот за култура и спорт при Општина Куманово.

Во рамки на проектот, беа организирани и активности за промоција на олимписките вредности кај наставниот кадар, а дел од училиштата добија и спортска опрема и училишен инвентар.