Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ѓорѓиевски: Камениот мост во срцето на Скопје добива нов сјај

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.

-Денес остварив пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу. На средбата уште еднаш го потврдивме пријателството, партнерството и добрата соработка воспоставена преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

Реклама

Тој нагласи дека Камениот е срцето на Скопје, сведок на времињата, симбол на поврзувањето, културно-историско наследство и едно од најпрепознатливите обележја на нашиот град.

-Со реализацијата на овој проект, Камениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, внимателно усогласено со неговите архитектонски карактеристики и историска вредност. На тој начин, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе биде дополнително истакнат, заштитен и претставен во достоинствено светло пред граѓаните и посетителите – истакна градоначалникот.

Изрази благодарност до општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци вклучени во подготовката и реализацијата на овој значаен проект.

-Оваа соработка е уште еден доказ дека преку пријателство, партнерство и размена на искуства можеме да реализираме проекти кои оставаат трајна вредност за градот. Продолжуваме да ја продлабочуваме соработката со нашите пријатели од Турција, со цел поддршка на нови проекти од заеднички интерес и унапредување на условите за живот на граѓаните. Скопје ги чува своите симболи – нагласи Ѓорѓиевски.