Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Лашкоска во Тирана: Регионалната соработка клучна за претворање на климатските политики во конкретни решенија

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на панелот на високо ниво „Обединети за климата – Акција за адаптација и регионална соработка“, кој се одржува во Тирана, во организација на Министерството за животна средина на Албанија и ГИЗ, во рамките на Регионалното партнерство за климата меѓу Германија и земјите од Западен Балкан, информираат од МЖСПП.

На конференцијата учествуваат министри задолжени за климатските политики од регионот, како и други високи претставници, со цел зајакнување на политичкиот дијалог и координацијата во справувањето со климатските предизвици.

-Панелот на високо ниво претставува значајна платформа за лидерство и соработка, насочена кон унапредување на регионалната агенда – од планирање кон имплементација и од индивидуални пристапи кон усогласена, заедничка акција. Во фокусот на дискусијата беше прашањето како регионот може да ги преточи обврските за адаптација во конкретни и одржливи решенија, преку засилена регионална соработка и координиран пристап, се вели во соопштението од Министерството.

Реклама

Во своето обраќање, Лашкоска се осврнала на тековните активности на Министерството за животна средина и просторно планирање во насока на воспоставување на функционална рамка за адаптација на најранливите сектори кон климатските промени, нагласувајќи дека регионалната соработка претставува суштински инструмент за справување со заедничките климатски ризици.

-Само преку координиран регионален пристап можеме да изградиме отпорни системи и да обезбедиме долгорочна заштита за нашите граѓани и економии, истакнала Лашкоска.

Регионалната соработка, како што беше посочено, овозможува унапредување на знаењата преку размена на искуства и методологии, но и отвора нови можности за пристап до меѓународни финансиски механизми за поддршка на климатските политики.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на продлабочување на регионалните партнерства и усогласување со европските стандарди, со јасна цел – трансформација на климатските политики во конкретни резултати што носат директни придобивки за граѓаните и обезбедуваат одржлива и отпорна иднина.