Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Владата применува мерки за поддршка веќе три месеци, резултатот е најевтини горива

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека внимателно се следи состојбата со движењето на …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека внимателно се следи состојбата со движењето на  цената на горивата на светските берзи согласно со случувањата со конфликтот на Блискиот Исток и истакнува дека врз основа на тие параметри ќе бидат идните чекори на Владата која презема мерки за поддршка веќе три месеци.

– Вчера е погоден еден танкер во теснецот, тоа предизвика раст на цената на горивата на светските берзи. Погодена е рафинеријата и пристаништето во Фуџеира, тоа е практично оној емират што е под теснецот од каде што може да се заобиколи теснецот и да се продолжи со достава на нафта и нафтени деривати. Сето тоа придонесе да скокне цената на на берзите и во еден момент Брент достигна  114-115 долари за барел. Ја следиме внимателно состојбата и врз основа на тие параметри продолжуваме и да се однесуваме, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, по поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Мицкоски потенцираше дека Владата применува мерки за поддршка поради кризата на Блискиот Исток веќе три месеци и оти како резултат на тоа во државава се најниски цените на горивата во однос на регионот. 

Реклама

– Имаме намалени акцизи, намалено ДДВ за безоловните бензини, тоа го чини прилично доста Буџетот во овие 60-ина дена. Но, тоа е што е. Резултатот од сето тоа е најевтини горива во регионот. И тоа што ние го правиме е да се обидеме со сите мерки што ни стојат на располагање да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече Мицкоски. 

Според него, актулната Влада, со мерките што ги презема, се справува значителнио подобро во однос на претходната влада.

– Глобална е кризата, тешки се времињата, но ако се спореди, овие мерки што ги прави оваа Влада, која што според Меѓународниот монетарен фонд како процент од БДП е трета во Европа и оние од 2022-та, драматично е подобра ситуацијата. Тогаш  имавме двоцифрена инфлација, а сега според сите авторитети во оваа област, станува збор за криза којашто по својот обем и опфат е поголема од оние две енергетски кризи во 70-тите години и онаа енергетската во 2022-та заедно – рече Мицкоски.