Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Одбележувањето започна со традиционално положување свежо цвеќе пред бистата на патронот, со што симболично беше оддадена почит кон неговото дело и придонес во борбата за слобода. Свежо цвеќе положи делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, директорката на училиштето, како и директорите на општинските основни училишта, средното училиште и детската градинка, претставници од сојузот на борци и бројни граѓани.

Во рамки на свечената програма, учениците реализираа богата културно-уметничка содржина, во која беа опфатени музички точки, литературни интерпретации и драмски изведби инспирирани од животот и идеалите на патронот.

Реклама

Со ваквите активности, училиштето уште еднаш ја потврдува својата посветеност во негување на историското наследство и промовирање на вредностите на слобода, знаење и почит, со што се надоврзува и заложбата на Општина Илинден за континуирана поддршка на образовните институции и негување на културното и историско богатство.