Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со едното око намигнува на Европа, а со другото на блиските проруски соработници Онишченко, Дака, Борче Марковски со кои имаат бизнис шеми со кланот Заеви

Двојните стандарди на СДСM и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојните стандарди на СДСM и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДСM и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина.

Дека СДСM и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДСM се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација.

СДСM на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки и изјави постојано ја доведуваат во прашање таа определба.

Реклама

СДСM на чело со Филипче само декларативно се залага за Европа додека шири лаги, конструкции и свесно погрешно интерпретира ставови од европски претставници како случајот со Томас Вајц обидувајќи се да креира хаос, недоверба и да шири паника.

СДСM е партија на криминал и криминалци во своите редови и додека се продаваат како европска опција најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени.

Реториката на Филипче се коси со европските вредности особено кога нивните ставови се во спротивност со пораките и позициите на европските институции и претставници, па веднаш се демантирани.

Филипче нема кредибилитет, тој само слепо го следи неговиот ментор Заев со кој е поврзан и преку бизнис шеми со лица кои имаат проруски интереси. Релациите на Филипче и СДСM со лица кои имаат проруски интереси ги доведуваат во прашање вистинските приоритети на СДСM и насоката каде се движи партијата.

Граѓаните заслужуваат јасна, доследна и кредибилна европска политика основана на јасни резултати, а не политички пораки на СДСM кои се менуваат во зависност од личните интереси на Филипче и кланот Заеви.

Само со реформи, конзистентност и владеење на правото и правната држава се гради доверба и реален напредок кон Европската Унија, СДСM и Филипче тоа не го нудат.