Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Герасимовски: Работничките права и почитта кон трудот се основа на праведно општество

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски упати честитка до граѓаните по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество.

– Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој кој искрено верува во социјалдемократските вредности, цврсто стојам на ставот дека економскиот напредок мора да оди рака под рака со социјалната правда. Секој работник треба да се чувствува безбедно и заштитено на своето работно место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван – порача Герасимовски во пишаната изјава.

Градоначалникот додаде дека во Општина Центар остануваат посветени на политиките што го мотивираат и поддржуваат работникот, бидејќи луѓето, како што нагласи, се нашиот најголем капитал.