Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Доделени наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“

Награди за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Награди за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2025 – април 2026 година, додели денеска Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). 

Добитникот на првата награда е Михаил Милошевски за сторијата „Како Македонија ќе го напушти јагленот без да ја загуби енергетската стабилност“, објавена на порталот „360 степени“.

Втората награда ја добија Александар Методиев и Сузана Мицева од „Нота.мк“ за документарниот филм „Нелегалните патишта на отпадот“.

Реклама

Третата награда ја доби Валентина Вурмо за сторијата „Дали, освен сопственото, нè труе и странско ѓубре“.

Добитниците се заблагодарија за наградите и посочија дека наградите им значат и дека сториите и филмот се резултат на нивна повеќемесечна ангажираност. По доделувањето на наградите, беа поделени и неколку пофалници.

Претседателот на СЕММ, Леунора Калиќи, рече дека доделувањето на наградите го организираат во пресрет на 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, ден што потсетува дека слободното, одговорно и професионално новинарство не е привилегија, туку темел на секое демократско општество.

– Оваа година на конкурсот пристигнаа 29 стории од 16 автори. Тоа е бројка што охрабрува. Сите пристигнати прилози покажуваат дека кај новинарите постои сериозен интерес, чувствителност и професионален однос кон теми што се од исклучителен јавен интерес. Медиумите мора многу повеќе и многу подлабоко да известуваат за прашања што директно го засегаат квалитетот на живот на граѓаните – потенцира Калиќи. 

Шефот на секторот за соработка при ЕУ Делеганцијата, Штефан Худолин рече дека Европскиот зелен договор кој започна во 2019 година ја постави визијата не само за да се решат еколошките предизвици, туку и да се реобликува економијата кон одржливост и отпорност и тоа е нивна долгорочна обврска за позелена и поправична иднина. Тој посочи дека се соочуваме со се поголеми предизвици на лажни информации за климатските промени кои го поткопуваат јавното разбирање и го одложуваат дејствувањето.

– Ние мораме да се потпираме на медиумите, а во некои случаи тие намерно се потикнувани од различни интереси, се шират брзо преку дигитални платформи со што се зголемува збунетоста, а последиците од тоа се реални. Дезинформациите се опасни и за реформите, ја продлабочуваат општествената поделеност, ја поткопуваат волјата да се решаваат глобалните кризи. Во ваква средина квалитетното новинарство е незаменливо. Новинарите имаат клучна улога не само во известувањето за факти, туку и за давањето контекст за преиспитувањето на лажните информации и да се осигураат дека граѓаните имаат пристап до точни информации. Ќе им оддадеме признание на новинарите кои покажале интегритет и храброст во зборувањето за едно од најважните прашања на нашето време, додаде Худолин.

Регионалниот координатор на УНЕСКО, Џошуа Масаренти истакна дека глобалната тема во 2026 година не потсетува дека слободата на медиумите е суштинска за да се изгради иднина врз основа на човекови, права, мир и безбедност. 

– Оваа порака е мошне важна денес, бидејќи без пристап до реални информации јавноста не може да одговори на кризите и да донесе одлуки. Без јавна дебата новинарството станува послабо, а граѓаните се оставени ранливи. Новинарството треба да се вреднува особено во вакво време. Тоа значи да се препознае храброста, професионалноста и одговорноста на новинарите кои продолжуваат да работат за јавниот интерес, а кои често се наоѓаат во многу тешки услови, додаде Масаренти.

Извршната директорка на СЕММ, Билјана Георгиевска рече дека е разочарана од фактот што Македонија се уште е еколошка црна дамка во регионот.

– Во едно интервју со Худолин, тој ми спомна дека регионов загадува многу повеќе отколку земјите во ЕУ. Не треба да се гордееме со тоа и ќе продолжиме да ги поттикнуваме новинарите да работат храбро, посветено, да останат на оваа тема, да има што повеќе вакви прилози во редовните содржини на медиумите, додаде Георгиевска.