Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ЗМАИ: Напредокот во неонаталната грижа покажува дека системски промени се можни и во македонското здравство

Во последната деценија нашата држава постигнала исклучително значајно намалување на смртноста кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последната деценија нашата држава постигнала исклучително значајно намалување на смртноста кај новороденчињата и децата до 5 години, покажуваат податоците од анализата на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) за неонаталното здравје направена во рамки на проекот Converge2EU.

Според анализата, неонаталната смртност во земјава се намалила од 8,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца во 2016 година на 1,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца во последните години. Со ова, земјата не само што се доближила до просекот на Европската Унија, туку во овој индикатор бележи и подобри резултати од европскиот просек, односно 174 отсто конвергенција според користената методологија на Converge2EU .

– Овој успех е особено значаен бидејќи во други здравствени области, како што се бројот на лекари и должината на животниот век, Македонија и понатаму дивергира, односно се оддалечува од европскиот просек. Сепак, намалувањето на смртноста кај новороденчињата и децата до 5 години покажува дека позитивни промени се можни и во македонскиот здравствен систем, доколку постои јасна цел, координирана работа и соработка меѓу сите страни: експертската јавност, институциите, здравствените работници, меѓународните партнери и политичките чинители, се вели во соопштението на ЗМАИ. 

Реклама

Напредокот, велат, не е резултат на една изолирана мерка, туку на подолгорочна системска трансформација која вклучува обука на здравствениот кадар, стандардизација на протоколите во родилиштата, унапредување на перинаталната грижа и подобрување на пристапот до услуги за мајките, новороденчињата и ранливите групи. Значајна улога во овој процес имаат институциите, како и меѓународните партнери, меѓу кои UNICEF, WHO и UNFPA .

– Во секоја реформа, клучна е одржливоста. Таа зависи од квалитетни кадри во рамки на системот, кои треба да се создаваат, поддржуваат и задржуваат независно од промените на политичките партии и властите. Само на тој начин може да се обезбедат долгорочни и квалитетни промени, како и вистинско доближување до стандардите на Европската Унија, велат од ЗМАИ.

Во рамки на анализата Converge2EU се истакнува и пошироката важност на отворањето на европските фондови за Македонија, како и на полноправното членство во Европската Унија. Овие процеси се клучни механизми преку кои земјата може економски да се доближи до европскиот просек, преку намалување на сиромаштијата и зголемување на БДП. Економските фактори, пак, понатаму влијаат врз речиси сите други области, вклучително и здравството, образованието, социјалната заштита и демографските предизвици.

– Трансформацијата најчесто не се гледа само во индикаторите, туку во секојдневните искуства на семејствата. Кога прегледите, советувањето и грижата за мајката и новороденчето стануваат навремени, достапни и сигурни, тогаш системската промена станува дел од нормалниот живот – се наведува во објавата.