Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Најстудено на Попова Шапка – два степени, најтопло во Струмица – 12 степени

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка – два степени, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка – два степени, а највисоката во Струмица 12 степени.

Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Виница, Кавадарци и Берово, десет во Велес и Гевгелија и 12 во Струмица.

Количината на врнежи изминатите 24 часа до 08:00 часот во (l/m2) изнесува осум во Берово, еден во Струмица, Пожар-Радовиш и Попова Шапка.

Реклама

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.