Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Трипуновски од Делчево: Продолжува процесот на искористување на средствата од ИПАРД-програмата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со земјоделците во  Делчево, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Тој  на средбата со земјоделците соопшти дека од Брисел пристигна известување за продолжување на процесот на искористување на средствата од ИПАРД-програмата.

-Вчера добивме официјално известување од Брисел дека се продолжува со процесот на искористување на средствата од ИПАРД-програмата, односно ќе продолжи исплатата на сите квартали коишто се доспеани, во наредниот период ќе има и нови објави, изјави министерот Трипуновски.

Реклама

Порача дека нема простор за загриженост кај корисниците на овие средства.

-Ова значи дека земјоделците не треба да бидат загрижени, ние направивме се што е во рамки на нашите можности како држава за да го продолжиме процесот понатаму со цел да го модернизираме и развиваме македонското земјоделство, истакна Трипуновски.

Од Делчево тој рече дека Министерството продолжува со кампањата за да биде во постојана комуникација со земјоделците. 

-Денеска сме повторно на терен, овде во Делчево, на средба со земјоделците. Продолжуваме со кампањата што ја започнавме како ресорно министерство, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците. Оваа трибина е со цел да ги презентираме досегашните резултати, тековните активности на Министерството, но и да го слушнеме гласот на земјоделците од оваа општина, истакна  Трипуновски. 

Додаде дека ваквите средби ќе продолжат и во наредниот период и во другите делови низ државата.

-Оваа кампања е од особено значење за нас како институција, бидејќи преку непосредна комуникација може да креираме правилни и отворени политики, кои се во интерес на македонското земјоделско производство, рече Трипуновски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: