Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Тошковски – Шјијаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста

– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјата, Џијанг Шјијаојан, на која станало збор за продлабочувањето на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста.

Како што соопшти МВР, на средбата било изразено заемно задоволство од досегашната соработка, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи бележат позитивен развој и се темелат на заеднички принципи и интереси.

Посебен акцент бил ставен на интензивирање на активностите во борбата против илегалната миграција, како и на продолжување на редовниот дијалог и координација меѓу надлежните институции.

Реклама

Соговорниците се согласиле дека стратешките цели на двете држави остануваат приоритет, при што беше истакнато дека унапредувањето на соработката ќе придонесе за нивна поефикасна реализација.

Средбата, како што се наведува во соопштението, се одвивала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка оценка дека постои силна основа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу двете земји.