Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Петрушевски: Филипче и СДСМ повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц и Брисел, ИПАРД програмата не е блокирана, Реформската Агенда има напредок

Филипче и СДСМ повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСМ повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц и Брисел, ИПАРД програмата не е блокирана, Реформската Агенда има напредок, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

За ситни политички поени, Филипче и СДСМ го манипулираа народот и ги лажеа земјоделците.

Лажеа дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани и дека европските пари паѓаат во вода. Поранешниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски, секојдневно ликуваше дека средствата биле одземени, дека земјоделците биле оставени на цедило како во нивно време и дека земјоделците никогаш нема да добијат европски пари.

Реклама

Но, вистината е сосема поинаква. По случајот во платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема сите механизми во своја корист, ги стопира процесите во платежната агенција, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола, и се доби извештај во кој се испостави дека процесите се движеле по закон, дека нема злоупотреби на системот, дека системот е во функција и дека реализацијата на ИПАРД програмата ќе продолжи и натаму.

Втората лага преточена од центарот за лаги и манипулации на СДСМ, е демантот на европратеникот Томас Вајц кон Филипче, кој вчера јасно кажа дека таа изјава е стара неколку месеци, и дека Македонија апсолутно има напредок во делот со Реформската Агенда. Со оваа изјава на европратеникот Томас Вајц, уште една лага на СДСМ се распрсна како меур од сапуница.

Филипче и СДСМ мора да престанат да лажат и манипулираат со граѓаните. Секоја нивна изнесена теза, веднаш се демантира. Со вакви политики и со ваквиот однос СДСМ станува се помалку релевантна партија, без кредибилитет и без легитимитет од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму да работи на евроинтегративниот процес, домашната задача ја работиме, а тоа е поздравено од шефовите на мисии на државите членки на ЕУ во Македонија.