Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните

Во овој момент не размислуваме за намалување на ДДВ-то на дизел-горивото, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овој момент не размислуваме за намалување на ДДВ-то на дизел-горивото, а преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски дополни дека акцизите остануваат исти и оти Владата ќе носи одлука врз основа на просечната цена на бензините и дизелот во втората половина на месецот.

– Дизелот веќе беше над 1200 долари по тон, што значи тие 4 денари  ќе останат. Безоловниот беше под 1200 долари по тон, и имаше два денари, но очекувам сега и тој да оди над 1200, така што и таму ќе имаме 4 денари по литар повторно намалени акцизи, рече Мицкоски, по седницата на Комитетот за јавни инвестиции. 

Реклама

Посочувајќи на цените на горивата во регионот, како и дека „буџетот во Србија буквално колабира“, рече дека ние не сме во таква состојба поради, како што нагласи, стабилните политики што ги води Владата. 

– Ќе продолжиме и понатаму со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните – рече Мицкоски. 

Упати на табелата што ја објави Меѓународниот монетарен фонд, која, истакна, покажува дека како држава сме трета во Европа што применила мерки за справување со кризата, како процент од бруто-домашниот производ. Тоа, потенцира, е показател дека како резултат на оваа активна политика и робусните мерки што ги применивме граѓаните во Македонија плаќаат најевтини горива – и дизел и бензин.

– Во таа насока, ќе продолжиме и во периодот што следува. Точно е дека тоа има импикации врз буџетот, не може ништо да биде бесплатно, но важно е дека го зачувавме стандардот на граѓаните. Ако се спореди со кризната 2022 година, кога имавме двоцифрена инфлација, сега инфлацијата во март и април се движи на очекуваните нивоа – под пет проценти. Да видиме како ќе биде во април имајќи предвид дека во март и април применивме мерки кога ги промовиравме религиските кошнички, така што очекувам да имаме прилично стабилна структура понатаму во мај – изјави Мицкоски. 

Тој дополни дека сè уште постои притисок од граѓаните од соседните држави за набавка на горива, која е зголемена за 30 проценти, и оти сè уште кај нас со керозин се снабдуваат регионалните аеродорми. Немаме намера да престанеме и да воведеме забрана, како што тоа веќе го направија некои држави. Не сме интервенирале со државните резерви, се бориме да го задржиме стандардот и во овие два месеци, покрај овие големи предизвици што ги имаме и, би рекол, историски најголемата енергетска криза, која според своите размери се споредува со онаа од седумдесеттите години на минатиот век и онаа од 2022 година. Сепак, покажуваме жилавост и така ќе продолжиме и понатаму да се бориме – рече Мицкоски. 

Според него, првиот квартал во наплатата на даноците е солиден. Има, како што рече, зголемување кај данокот на добивка и кај персоналниот данок на доход со двоцифрени проценти во споредба со претходната година, а кај данокот на додадена вредност едноцифрен, од 5,5 до 6 проценти.

Мицкоси упати на податоците за реализиацијата на буџетот заклучно со 27 април, според кои реализацијата кај предвидените приходи е 29 проценти, 33 проценти е кај расходите и околу 35 проценти кај капиталните инвестиции. 

– Сè има своја поврзаност и сега засега немаме простор за паника. Граѓаните да бидат сигурни и безбедни, има кој да размислува и да води стабилни политики. Во овој момент Македонија не е држава што повеќе коленичи, туку рефлектира стабилност во регионот и така ќе продолжиме – изјави Мицкоски.