Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски: Очекувам реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок

Реконструкцијата и на модернизацијата на еден од најзначајните културни симболи на градот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата и на модернизацијата на еден од најзначајните културни симболи на градот Скопје – Универзалната сала, е проект од исклучително значење, бидејќи со нејзиниот нов лик градот ќе добие современа, функционална и репрезентативна културна институција, простор за врвни концерти, театарски претстави, фестивали, големи културни настани.

Проектот, чија реконструкцијата е планирано за заврши до декември 2027 година, е од исклучително значење и во контекст на подготовките на Скопје за европска престолнина на културата 2028, беше истакнато по денешниот увид на градежните активности на објектот од страна на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. 

Премиерот Мицкоски изјави дека очекува во рамките на рокот и на предвидениот буџет да биде завршен овој објект.

Реклама

-Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива на некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој позади нас. Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на Градот Скопје што овој објект после сите оние перипетии од минатото ќе добие некаква физиономија. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Па ајде да не зборуваме што се вели пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат, рече премиерот.

Министерот Љутков информира дека постапката за избор на изведувач е успешно завршена, со што се создадени сите услови за почеток на градежните работи.

– Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а завршувањето на реконструкцијата е планирано до декември 2027 година. Овој проект е од исклучително значење и во контекст на подготовките на Скопје за Европска престолнина на културата 2028. Со новиот лик на Универзална сала, градот ќе добие современа, функционална и репрезентативна културна институција, простор за врвни концерти, театарски претстави, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, во нашите уметници, во нашата публика и во генерациите што доаѓаат, рече Љутков.

Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски изрази задоволство од настанот и им се заблагодари на претседателот на Владата, на Владата, на Министерството за култура и туризам, како и на министерот, за нивниот ангажман и, како што рече – по долго време ја враќаат душата на Скопје.