Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Отворен ден на Машинскиот факултет и натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации

Машинскиот факултет (МФ) – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Машинскиот факултет (МФ) – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира Отворен ден – ги отвора своите врати за идните студенти, соработници и љубители на инженерството. Целта е да ги запознаат студиските програми и можностите за студирање, да разговараат со професорите и студентите, да дознаат како се студира на МФ и да ги разгледаат современите лаборатории со кои располага факултетот.

Покрај Отворениот ден, ќе се одржи и натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 на кој се најавени обраќања на деканот Златко Петрески и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.