Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Независниот академски синдикат организира дебата со кандидатите за ректор на УКИМ

Независниот академски синдикат (НАкС) вечер од 18 часот на Институтот за хемија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независниот академски синдикат (НАкС) вечер од 18 часот на Институтот за хемија при Природно-математички факултет –  Скопје организира дебата за претставување на кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029.

Изборите за ректор на УКИМ ќе се одржат на 28 април, со тајно гласање на сите единици во состав на Универзитетот. Во трка за ректор се проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет и проф. д-р Биљана Ангелова, актуелна ректорка на УКИМ, која е кадар на Економскиот институт. 

Во пресрет на изборите НАкС ја организира дебата на која, како што соопшти, присуство потврдил кандидатот проф. д-р Дарко Данев. 

Реклама

-Поради веќе преземени обврски, поканата за дебата не ја прифати кандидатката за реизбор, проф. д-р Билјана Ангелова – информира Независниот академски синдикат. 

НАкС соопшти дека дебатата ја организира за да овозможи „простор за подлабоко запознавање на кандидатите за ректор, како и аргументирана дискусија за нивните насоки и определби“.

-Идниот ректор треба да ги трасира политиките и развојот на универзитетот во време на глобални економски и политички предизвици, како и во време на забрзано навлегување на вештачката интелигенција во секоја пора од општеството. Овој избор воедно се врши во период на законски реформи на високото образование и науката, кои ќе имаат големо влијание врз работата на Универзитетот и неговите единици, наведува синдикатот.

На дебатата се поканети сите членови на научниот, научно-наставниот, административниот кадар на УКИМ, неговите студенти и заинтересирани страни. По претставувањето ќе следува отворена дискусија и прашања од публиката. Модератор на дебатата ќе биде проф. д-р Виктор Стефов од Институтот за хемија.