Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Транспортерите задоволни од владините мерки за стабилизација на економијата

Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите останаа исти, без поголеми нагли скокови. Бизнис заедницата е задоволна од владините мерки, но и понатаму велат дека остануваат претпазливи. Според превозниците, мерката на владата за намалување на акцизата придонесе за стабилизрање на цената на превозот, бидејќи транспортот игра значајна улога во формирањето на крјаната цена на производот. Тие оценија дека до сега Владата добро ја менаџира кризата.

„Она што Владата до сега го презема тоа се краткорочни мерки, кои помагаат на ликвидноста на организациите со цел да не дојде до енормно поскапување на цените на сите производи“, изјави Билјана Муратовска од „МАКАМ“

Транспортерите се задоволни од овие мерки. Потврдуваат дека Владата има слух за нивните барања, особено во делот на одлуката за намалување на акцизите. Но, светската, енергетска криза поради војната на Блискиот Исток ги ставаи транспортерите кај нас во потешка ситуација во однос на конкуренцијата во Европа, па затоа бараат начин како повеќе да заработат, бидејќи сега единствена заработка им е повратот на ДДВ-то. Предлагаат долгорочни и трајни мерки за да се заштитат до завршување на кризата.

Реклама

„Државата со измени на законот за акцизи да овозможи враќање на акцизата за комерцијални превози, согласно европските закони. Бараме исто така да се одреди поголем износ на име дневници за возачите на кој што нема да се плаќа персонален данок“, рече Муратовска.  

Инаку, цената на нафтата и на светските берзи забележа пад од скоро 9%, откако дувнаа позитивни ветришта од Блискиот Исток за воспоставување мир помеѓу завојуваните страни. Берзите во петокот затворија со цена на граница од 90 долари за барел нафта.