Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Македонија

Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството

Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и континуирано работиме на подобрување на процедурите и зголемување на довербата во здравствениот систем. Согласно извештајот – во здравството уделот на жалбените решенија изнесува 2,43 отсто, што е под вкупниот државен просек од 2,88 отсто. При тоа најголем дел од спорните точки се поврзани со евалуацијата на понудите. Токму затоа Министерството веќе презеде мерки, кои дадоа и први конкретни резултати – за помалку од шест месеци го зголемивме резултатот во системот на интегритет од 34,2 отсто во 2024 на 66,15 отсто во 2025, истакна денеска министерот Азир Алиу на настан, посветен на дијалог за зајакнување на антикорупциските мерки во јавните набавки, организиран од Центарот за граѓански комуникации.

Во истата насока, појасни министерот, е и тригодишната набавка на лекови за ретки болести, која носи континуитет за пациентите и подобро планирање за добавувачите. 

Нашата цел е здравството да не биде само под државниот просек, туку да стане пример за законитост, предвидливост и доверба. Како дел од реформите, во новиот Закон за лекови се предвидени поефикасни процедури за одобрување и регистрација на лекови, модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност и воспоставување механизми за следење на снабдувањето, со цел спречување евентуален недостиг. Воедно, дигитализацијата останува важен сегмент во зајакнувањето на транспарентноста. Креиран е и нов јавен портал за донации, како и онлајн платформа за анонимно пријавување неправилности и корупција во здравството, што овозможува зголемена доверба на граѓаните и поефикасна заштита на јавниот интерес, додаде Алиу.