Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Минимален раст на цените на основните производи – се подготвуваат мерки за производите кои најмногу поскапеле

Во одредени маркети некои основни производи поскапеле и над 10% од 1-ви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во одредени маркети некои основни производи поскапеле и над 10% од 1-ви февруари до 1-ви април, но просекот е раст од само 0,4%. Некои производи биле и со намалени цени. Ова го покажа анализата на Министерството за економија на 55 производи во 4-те супермаркети Кам, Зур, Кипер и Веро. Мерки ќе има за да поевтинат производите кои поскапеле најмногу – најави премиерот Мицкоски. Сепак, трговците се чини не пробувале да заработат неосновано на грбот на граѓаните. Нивните профитни маржи биле намалени за два месеци, односно сега се нешто под 15%.

„Тие се намалени споредено со 1 февруари на 1 април. Ако на 1 февруари просечните профитни маржи биле нешто над 15% според нашите калкулации, според дистрибутерите и ланците не е таа бројка, но според нашата бројка зборувам, сега се под 15%, мислам дека се некаде околу 14,7%, повторно ќе кажам според нашата математика. Така што во моментот размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за граѓаните, за одредена група на производи каде што имаме двоцифрен број проценти зголемување“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Анализата покажала дека најголем скок во цените има кај хигиенските производи од 1,42 насто, а кај маслото за јадење, сирењето и јајцата зголемувањето е за 0,45 проценти. Според извештајот, намалување на цените има кај овошјето, зеленчукот и безалкохолните пијалаци.

Реклама

Инаку премиерот очекува цените на горивата следната недела да останат исти или пак да се намалат. Владата одлучи да ја продолжи кризната состојба за уште нови две недели. Мицкоски нагласи дека ќе има нова седница на која ќе се одлучува да се задржи ДДВ на горивата на 10 отсто. Тој рече дека се следат цените на нафтата на берзите и врз основа на нив ќе се утврдува и висината на намалувањето на акцизата. Исто така, Владата преговара и да се издејствува дополнителен денар попуст од Окта, од сегашните 3 денари за дизелот и 2 денари за бензините по литар.

Нафтените резерви остануваат стабилни на нивото за покривање на 62 дена. Од стартот на кризата не е потрошен ниту еден литар од нив. Снабдувањето е стабилно, а потрошувачката е зголемена на повеќе од два милиони литри дневно, главно бидејќи граѓаните од соседните држави точат горива во Македонија која има убедливо најниски цени на бензините на Балканот.