Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Филипче со честитка за Велигден: Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво

– Претседателот на СДСМ Венко Филипче им го честита на сите православни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Претседателот на СДСМ Венко Филипче им го честита на сите православни верници денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, истакнувајќи дека Велигден е симбол на спасението.

-Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците, вели Филипче во честитката.

Тој наведува дека победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Реклама

-Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество. Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом. Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години Велигден!, истакнува Филипче во честитката по повод Велигден.