Македонија останува со најефтини енергенси во регионот, а најверојатно така ќе биде и следната недела кога се очекуваат поевтини цени на дизелот и безнините за два ипол, односно денар и половина за литар. Мерките кои ги воведе Владата, државава ја ставаат на мапата на земји со најефтино гориво на Балканот. И следната недела се очекува нашите цени да бидат пониски од регионалните помеѓу 20 и 30 евроценти односно нашиот бензин и дизел да се продава со пониска цена од 12 до 18 денари по литар. Како што најави Премиерот Христисијан Мицкоски, сите мерки се во насока на заштита на стандардот на граѓаните.
„Она кое што е важно според нашите калкулации ќе имаме намалување на цената на бензините за денар и пол и намналување на дизел горивото за 2,5 денари. Количини има доволно има доволно и да го амортизира оној притисок којшто доаѓа од соседството, имаме најниски цени за горивата и сите оние мерки кои претходно ги предвидовме остануваат во важност и следната недела. Ова се цени без вкалкулиран попуст кој го одобрува Окта за совоите коминтентни, односно за своите партнери“, рече Мицкоски
Цената на нафтата игра важна улога и во конечната пресметка на цената на крајниот производ. Поради ваквиот пристап, цената на основните прехранбени производи во март, споредено со февруари пораснала за помалку од половина процентен поен. А, инфлацијата во Македонија забележа минорен раст од 0.7% на месечно ниво. Се очекува трендот на стабилни цени за основните прехранбени производи да продолжи и во следниот период, бидејќи секојдневно инспекциите се на терен и ги чешлаат цените во супермаркетите и трговците на големо.

„Јас најавив дека на следната владина седница во вторник ќе имаме извештај, компаративна анализа и го задолживме Министерството за Економија и труд, заедно со ДПИ да изготви таков извештај, да го достави до мојот кабинет, кај мене на увид. Да направиме една анализа на следната владина седница и врз основа на таа анализа понатаму како Влада така и ќе реагираме. Сега за сега она што е сигурно дека во следната недела остануваат мерките, а тоа е ДДВ за бензините и за дизел горивата да биде од 18 на 10 проценти и остануваат оние одлуки за кои што се нивелираат цените на акцизите за дизел горивата и за бензините“, дополни Мицкоски.
Од Владата најавија дека продолжуваат да ја следат состојбата. Тие на дневна основа прават анализи, а доколку е потребно веднаш ќе се преземат нови мерки во насока на обезбедување најефтини производи за македонските граѓани.
