Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Саемот на Пијанечки мед во Делчево ги обедини пчеларите и традицијата

Мирисот на мед и звукот на разговори меѓу пчелари и посетители ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мирисот на мед и звукот на разговори меѓу пчелари и посетители ја исполнија летната сцена во Делчево, каде во рамки на „Деновите на Пијанечкиот мед“ се одржа првиот Саем на мед. Настанот ги обедини пчеларите од регионот, кои преку своите производи и лични приказни сведочеа за традицијата, предизвиците и љубовта кон пчеларството.

Меѓу нив беше и Цветко Митевски од село Вирче, кој со години произведува ливадски и шумски мед, но вели дека производството постепено се намалува.

-Претходната година немаше големи падови, но од година во година се намалува производството. Сепак, медот си го наоѓа патот до купувачите, најчесто на пазарот во Делчево и по порачки“, изјави Митевски.

Реклама

За Ванчо Јангеловски од Делчево, пчеларството е повеќе од работа – тоа е семејна традиција. На неговиот штанд, покрај планинскиот ливадски мед, посетителите можеа да видат и мед во саќе и комбинации со јаткасти плодови.

-Оваа традиција трае 40 години, уште од моите баба и дедо. Имаме освоено медали и надвор од државата, што покажува дека квалитетот е препознаен“, рече Јангеловски.

Идејата за саемот, како што истакна претседателот на здружението „Пијанечка пчела 2“, Јованчо Медарски, произлегла од желбата да се промовира локалниот мед и да се создаде настан кој ќе стане традиција.

-Се собравме како ентузијасти да ги изложиме нашите производи и да покажеме дека пијанечкиот мед е навистина квалитетен. Во иднина сакаме да го брендираме дабовиот мед како препознатлив производ“, изјави Медарски.

Како најголем проблем претседателот на здружението вели дека е евтиниот мед по маркетите кој се продава по многу пониска цена, но квалитетот на таквиот мед како што подвлече е непознат.

Традицијата продолжува и во семејството Трајановски, каде пчеларството се пренесува од генерација на генерација. Конкретно пчеларот Љубе Трајановски најчесто произведува дабов мед, но оваа година, поради условите, медот како што вели е мешан.

Слична приказна раскажа и Ивана Антовска, која заедно со своето семејство ја продолжува повеќедецениската традиција. На нивниот штанд беа изложени прополис, мед во саќе и пчеларска опрема.

-Пчеларството бара љубов и посветеност. Не е само работа, туку начин на живот“, нагласи Антовска.

Саемот покажа дека Пијанечкиот регион има потенцијал да стане препознатлив по квалитетниот мед, а пчеларите се надеваат дека оваа манифестација ќе прерасне во традиционален настан кој ќе се развива и во иднина.