Реклама
Балкан

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра помош од ЕУ

Србија се соочува со можност да изгуби до 1,5 милијарди евра од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Србија се соочува со можност да изгуби до 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ, додека Европската комисија размислува за прекин на финансирањето поради демократско назадување и блиските врски на земјата со Русија, пишува „Политико“.

„Сè повеќе сме загрижени за тоа што се случува во Србија — од закони што ја поткопуваат независноста на судството, до притисоци врз демонстрантите и повторливи мешања во независните медиуми“, изјави европската комесарка за проширување, Марта Кос.

Европската комисија во моментов проценува дали Србија сè уште ги исполнува условите за исплати преку финансиските инструменти на ЕУ, додаде Кос.

Реклама

Во последните недели расте притисокот во рамки на Комисијата за замрзнување на средствата, велат четворица европски функционери вклучени во процесот на проширување, кои побарале анонимност. ЕУ веќе јавно ги критикуваше судските реформи на претседателот Александар Вучиќ, чија влада се соочува со масовни протести.