Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Лефков: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навреме реагираше за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите

Случувањата во светот влијаат на економијата, влијаат на глобалните случувања, влијаат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случувањата во светот влијаат на економијата, влијаат на глобалните случувања, влијаат на аспирациите коишто ги имаме ние за членство итн., влијаат врз ценовниот притисок, врз притисокот на цените. ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт и со тоа можност да реагира, да работи во корист на граѓаните. И во оваа цела слика многу е важна опозицијата за да може да биде квалитетен коректив на тие политики, меѓутоа гледаме дека опозицијата се изгуби во својата улога, односно не успеа да ја врати изгубената доверба, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостување на Алфа телевизија.

Пратеникот Лефков истакна дека иако опозицијата треба да биде квалитетен коректив на политиките на власта, нивните настапи не се базираат на факти и немаат суштина. Тој  нагласи дека единствен коректив на власта е народот, потенцирајќи дека Владата потекнува од народот  и реагира нанавреме за секоја криза, како што беше и се уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите.

„Во овој момент единствен коректив на власта е народот, јавноста и чувството на оваа Влада затоа што потекнува од народот и довербата која што ја доби на последните избори, континуирано ја добива, и мислам дека во овој момент опозицијата потфрлува во својата улога да биде коректив. Останува добриот факт дека оваа Влада потекнува од народот и не го губи тоа чувство и гледаме дека навреме реагира за секоја криза, како што беше и се уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите“, дециден е Лефков.