Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

„Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики 

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија „BB+“ со стабилен изглед, испраќајќи јасен сигнал за доверба во економските политики на земјата, информираат од Министерството за финансии (МФ).

-Во последниот извештај, „Фич“ истакнува дека кредибилните и конзистентни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и поволните показатели за управување во однос на земјите со сличен рејтинг остануваат клучни фактори што ја поддржуваат стабилноста. Дополнително, посветеноста кон процесот на пристапување во ЕУ се оценува како значајно реформско сидро на среден рок, велат од МФ.

Нагласуваат дека реалниот економски раст забрза на 3,5 проценти во 2025 година, поттикнат од домашната побарувачка и инвестициите, кои остварија раст од 8 проценти.

Реклама

-И покрај предизвиците од надворешното окружување, очекувањата на „Фич“ се дека економијата ќе продолжи со стабилен раст од 3 проценти во 2026 година и дополнително да забрза на 3,4 проценти во 2027 година, што ја позиционира земјата на патека на одржлив раст, посочуваат од МФ.

Додаваат дека фискалната политика останува внимателно поставена и одговорна.

-Буџетскиот дефицит е задржан на планираното ниво од 4 проценти од БДП во 2025 година, со јасна траекторија на негово постепено намалување на 3,4 проценти до 2027 година. Истовремено, јавниот долг се одржува на умерено и контролирано ниво, значително под европските критериуми, што дополнително ја потврдува фискалната стабилност. Извештајот нотира и изложеност на надворешни ризици, особено во делот на енергетските пазари, но оценува дека ваквите шокови нема да имаат долгорочни нарушувања врз економијата. Инфлацијата покажува тренд на стабилизирање, со очекувања за умерено ниво во наредниот период и дополнително стабилизирање во 2027 година, прецизираат од МФ.

Потврдата на кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед претставува важен сигнал за меѓународните финансиски пазари и инвеститорите дека Македонија ја задржува макроекономската стабилност и води предвидлива економска политика и во услови на глобална неизвесност.