Реклама
Прилози

Македонија ужасно старее: За 30-тина години ќе нема кој да работи за да има пензии за сите

Македонија рапидно старее – бројот на луѓе со наполнети 80 години од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија рапидно старее – бројот на луѓе со наполнети 80 години од 22.000 колку што е сега, ќе порасне на дури 144.000. Пензискиот систем едвај се одржува, и цело време е во минусно сладо, состојба која може да се влоши со стареењето на нацијата. И не само што старееме, туку и државата веќе пет години нема никаква стратегија за луѓето постари од 65 години. Фрапани податоци од истражувањето на државниот завод за ревизија за периодот од 2014-та до 2024-та година.

Констатираме дека енормно населението ни веќе ни старее. Имаме пад во она што значи млада популација, имамаме загрижувачки податоци во делот на работноспособно населени, имамаме загрувачки поатоци во делот на сместувачки капацитети  и негата на старите лица, загриживачки податцои за нерамномерното распоредување  на услугите за згрижување на старите лица“, изјави Максим Ацевски, државен ревизор.

Според ревизорите, еден од најголемите ризици е демографската проекција која е негативна, односно предвидува учеството на луѓето над 65 години да порасне на над 34% до 2055 година, а бројот на луѓе над 80 години да се зголеми повеќе од 6 пати, додека работоспособното население ќе се намали за речиси половина милион.

Реклама

Шокатно е што ревизорите констатираа дека стратегијата за стари луѓе е истечена пред повеќе од 5 години, услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од 1% од постарите, а трансферите од буџетот секоја година растат. Во 2024 година тие изнесувале 690 милиони евра, а во 2025 година овие трансфери се очекува да го надминат наведениот износ.

„Во отсуството на навремени и ефективни реформи, трансферите од буџетот за првиот пензиски столб би можеле да достигнат 7,4% од БДП во 2057 година што ќе доведе до сериозно оптоварување на Централниот буџет“, се наведува во извештајот на Државен завод за ревизија.

Според истражувањето, Македонија се наоѓа во еден од најбрзите процеси на демографско стареење во Европа. Таквата состојба упатува на итни системски реформи – вклучително зголемување на возраста за пензионирање, приспособување на стапките на придонеси, ревизија на моделот за усогласување на пензиите, диверзификација на инвестициите во вториот столб, како и зголемување на капацитетите за услуги кон старите лица.