Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека е подобрена состојбата со јавниот превоз. Потенцира дека во моментот 180 автобуси сообраќаат на линиите.

– Што се однесува на голготата што ние ја поседуваме, а е во сопственост на ЈСП Скопје, од состојба на речиси 130 наши автобуси, кои беа во функција, сега во моментот од гаражите излегуваат по 90 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси во изминатиот период или бројката е 180 автобуси што сообраќаат на линиите, а се сопственост ЈСП Скопје.

Потенцира дека дополнително зголемен е бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од разни причини одбиваа да се обраќаат на некои од линиите. Нагласи дека најголем дел од нивните забелешки бил неисплаќањето на енормните суми, кои со години се таложеле од страна на ЈСП, а требало да бидат исплатени како обврска кон нив.

Реклама

Градоначалникот нагласи дека го даваат максимумот и смета дека е подобрена состојбата во однос на јавниот транспорт.

– Дали е идеална или таква каква што сакаме да биде? Далеку е од тоа. Не е. Но, тоа ќе го решиме, како што споменав, при завршување на целиот процес за набавката на автобусите, од една страна, и дополнително БРТ, знаете дека е еден од проектите на кои работиме со силен интензитет – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.