Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија рејтингот ББ- со стабилен изглед: фискалната политика на државата е насочена кон постепена консолидација и поддршка на економскиот раст

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ- со стабилен изглед, согласно најновиот извештај објавен денеска, информираат од Министерството за финансии.

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во 2026 година се проектира на околу 3,4%, поддржан од силната домашна побарувачка, континуирано високото ниво на јавни инвестиции, особено во клучни инфраструктурни проекти.

Агенцијата оценува дека ваквите инвестиции, заедно со растот на платите и пензиите, ќе продолжат да ја поддржуваат економската активност. На среден рок, се очекува стабилизирање на економскиот раст на ниво нешто над 3%, со потенцијал за дополнително зајакнување преку приватни инвестиции и постепено закрепнување на надворешната побарувачка.

Реклама

Истовремено, во извештајот се посочуваат и одредени ризици, пред сè поврзани со геополитичките случувања, особено конфликтот на Блискиот Исток, кој може да влијае врз инфлацијата, цените на енергијата и економските текови кај главните трговски партнери на земјата.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ оценува дека фискалната политика на државата е насочена кон постепена консолидација, при истовремено задржување на силна поддршка за економскиот раст преку инвестиции и поддршка на животниот стандард. 
Буџетскиот дефицит се очекува постепено да се намалува во наредниот период, додека јавниот долг останува на контролирано и одржливо ниво на среден рок, во функција на развојните приоритети на економијата.

Во однос на структурните политики, се нагласува дека процесот на европска интеграција останува клучен двигател на реформите, и покрај тековните предизвици поврзани со пристапниот процес. 

Воедно, се препознаваат напорите на Владата за унапредување на институционалните капацитети, зајакнување на владеењето на правото и спроведување антикорупциски мерки.

Кредитниот рејтинг претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари, бидејќи го одразува нивото на ризик и довербата во економските политики на државата.

Министерството, се вели во соопштението, ќе продолжи со спроведување на политики насочени кон одржување на макроекономската стабилност, постепена фискална консолидација, поддршка на инвестициите и унапредување на економскиот раст, со цел обезбедување повисок животен стандард за граѓаните.