Реклама
Македонија

Приватен институт работел во обложувалница – откри комисијата на МОН

Министерството за образование и наука во изминатиот период затвори 14 „таканаречени“ приватни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука во изминатиот период затвори 14 „таканаречени“ приватни институти кои не ги исполнувале законските услови за работа. Министерката Весна Јаневска изјави дека при теренските проверки биле откриени случаи каде што овие институции служеле како параван за други дејности. Јаневска сподели пример во кој комисијата од Министерството при увид на еден институт нашла простории сместени во задниот дел на кладилница. Таму институтот требало да ја врши својата дејност со само двајца вработени, во просторија опремена со две столчиња и два душеци, што довело до негово итно затворање. Со новиот закон за високо образование, кој во понеделник влегува во владина процедура, треба да се стави ред во оваа сфера.