Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Семос Едукација ги награди младите информатичари со ваучери

Семос Едукација ги награди младите информатичари што учествуваа на 37-миот Државен натпревар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семос Едукација ги награди младите информатичари што учествуваа на 37-миот Државен натпревар по информатика, кој се одржа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Со овој чин, како што велат, уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон поттикнување на младите таленти и развојот на дигиталната писменост во земјата.

Како дел од поддршката на натпреварот, прецизираат, Семос Едукација обезбеди ваучери за обука во Детскиот едукативен центар, со цел да ги охрабри најмладите учесници да продолжат да го развиваат својот потенцијал во областа на информатиката. Дополнително значење на оваа иницијатива ѝ дава фактот што 13 од вкупно 24 наградени ученици се дел од овој центар, што претставува силна потврда за квалитетот и резултатите од континуираната едукација.

-Работата со деца кои покажуваат интерес за информатика бара континуитет и правилно насочување. Токму затоа ни е особено значајно што голем дел од наградените ученици се дел од нашиот Детски едукативен центар, што е потврда дека кога талентот се препознава и се развива системски, резултатите се неизбежни, изјави Елена Петковска, раководител на Детскиот едукативен центар.

Реклама

Натпреварот обедини ученици од основно и средно образование, од шесто одделение до четврта година, кои ги демонстрираа своите знаења и вештини во информатиката, алгоритамското размислување и програмирањето. Како значајна платформа за млади информатичари, овој настан континуирано придонесува кон препознавање и насочување на идните ИТ професионалци.

На свеченото отворање се обрати Валентина Тасева, генерален директор на Семос Едукација, која ја нагласи важноста од континуирано вложување во знаење и развој на млади таленти – пристап што компанијата доследно го реализира преку своите едукативни програми.

Со ваквите иницијативи, Семос Едукација не само што дава поддршка на млади талентирани ученици, туку и активно придонесува кон создавање генерации кои ќе го движат дигиталниот развој на земјата.