Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Петрушевски: Заев и СДСM со години не ги негираа аудио снимките во кои се вели дека Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев

Заев и СДС со години не ги негираа аудио снимките во кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и СДС со години не ги негираа аудио снимките во кои се вели дека Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев. Посредникот на Заев, Зоран Милески – Кичеец, според аудио снимките кои излегоа во јавноста во 2020 година, го рекетирал прорускиот бизнисмен Дака, кој му дал 300 илјади евра и 2 илјади метри квадратни земјиште на Заев, за возврат да добие бизнис услуга, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференцијa.

Во снимките јасно се слуша како Дака му вели на Кичеец дека парите кои му ги дал на Заев, ги искористил за изборен инженеринг за референдумот за името.

Овој круг стигнува и до тогашниот владин генерален секретар на Заев, Драги Рашковски, што значи само едно, а тоа е дека тогашната власт на СДСM била поврзана со прорускиот бизнисмен Дака, а потоа и помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, но за тоа ќе го потсетиме македонскиот народ на утрешната прес-конференција.

Реклама

До ден денес, негирање од страна на Заев и СДСM за ово ј случај, нема. Граѓаните мора да знаат дека каде има криминал и корупција, таму се Заев, Филипче и СДСM.