Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Наместо на синдикални состаноци, уловен на кипарските плажи – кривична за првиот синдикалец на М-НАВ

Наместо на состаноци, на плажа на Кипар. Првиот синидкалец на конторлата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо на состаноци, на плажа на Кипар. Првиот синидкалец на конторлата на летање, Александар Тасевски, најавил користење службени платени денови за остварување на синдикални активности, а заминал на приватен годишен одмор со „придружничка“. Ова го тврди правниот тим на М-Нав. Поднесена е кривична пријава против него. Дојавата е од страна на новинари од Кипар,  кои доставиле и докази до институцијата.

Господинот за да оствари лични цели ја злоупотребил својата позиција претседател на синдикат и дал известување и барање за користење на платени денови од работа со најава дека ќе користи денови за синдикални активности и синдикални состаноци. А, господинот заминал на приватна посета на Кипар заедно со својата љубовна партнерка, изјави адвокатот Горан Николовски.

Побаравме став од Тасевски. Во телефонска изјава за Алфа порача дека на ваков начин нема да успеат да го растурат синдиатот. Тој тврди дека ова не е вистина.

Реклама

Самиот менаџмент на М-НАВ веќе е очеаен во поглед на тоа што не успева да го растури нашиот синдикат низ ове две години обиди што ги прават и ова е само еден начин да пробаат да внесат некои немири кај членовите. Ако они со ова сакаат да покажат дека нешто ме снимаат ли ме пратат ли, не знам од кај им се тие идеи, али како и да е ете имало некаква тужба. Ако имало ќе се докажеме и таму, изјави Александар Тасевски, Претседател ан синдикатот на контролата на летање.

Од страна на М-Нав е поведена и уште една судска постапка со која се бара судот да утврди дека синдикатот на контрола на летање како подружница на синдикатот за сообрајќај и врски нема основа да покренува штрајк.

Повторно од страна на основниот граѓански суд Скопје штрајкот кој што беше најавен од подружницата на ССКЛ е забранет како незаконит. Штрајкот е забранет поради три основи, односно барањето за штрајк не соди никакви синдикални барања, односно хбарање за заштита н аправо од работен однос, не е спроведена задолжителна постапка за помирување и последната констатација на судот дека ССКЛ како подружница нема правен легитимитет самостојно да организира и спроведува штрајкови, дополни Николовски.

Кавгата помеѓу синдикалниот лидер и раководството на М-Нав трае подолго време. Лани основниот суд донесе пресуда со која се забрани штрајкот во контролата на летање, а потоа апелација го врати на повторно судење, со забелешки. Во втората пресуда забелешките се отсранети и сега се очекува конечна разврска за тоа кој има, а кој не право да штрајкува.