Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Славески: Шокот од кризата е поголем, но лекциите се научени, Народната банка е подготвена да одговори со сите расположливи инструменти

– Централната банка ја следи состојбата и е подготвена да одговори со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Централната банка ја следи состојбата и е подготвена да одговори со сите расположливи инструменти. Шокот од кризата е поголем од оној од 2021 година, но лекциите се научени. Депозитите се стабилни, девизните резерви се повисоки од пред пандемијата, порачува првиот човек на централната банка во земјава Трајко Славески. 

Во изјава за медиумите, Славески рече дека девизните резерви се за околу 70 проценти повисоки од пред пандемијата и дека тоа е значајно за стабилноста на девизниот курс, а стабилни се и депозитите кои дури и растат. 

– Вакви шокови сме имале и во минатото. Многу е научено, особено во контекст на отпорноста на шокови на глобално ниво, како и преминот кон обновливи извори на енергија. Но, шокот е многу сериозен и Република Македонија не може да остане изолирана. Централната банка, во тесна координација со Владата и Министерството за финансии, ги следи состојбите кои, за жал, се менуваат од час во час, и е подготвена да одговори со сите расположливи инструменти. Овие енергетски шокови претставуваат сериозен предизвик за носителите на економските политики и можат само делумно да се апсорбираат.

Реклама

Народната банка располага со девизни резерви кои се за околу 70 проценти повисоки од пред пандемијата, односно околу 5,5 милијарди евра што е значајно за стабилноста на девизниот курс. Имавме мала конверзија на денарски депозити во странска валута во првата недела по конфликтот, но тоа веќе се нормализираше. Депозитите се стабилни, па дури и растат. Можно е зголемената цена на нафтата да се одрази врз трговското салдо и потребата од финансирање преку девизните резерви, рече Славески.

Предизвик за Владата и Народната банка, според гувернерот, е да се држи инфлацијата под контрола, а притоа да не се загрози економскиот раст. Препораките се мерките што ќе се носат да бидат краткорочни и таргетирани особено кон најранливите категории на граѓани и да се искористат сите можности за заштеда, особено во потрошувачката на енергија.

Со оглед на случувањата на глобално ниво и очекувањата за зголемување на инфлацијата, гувернерот најавува можност за ревидирање на проекциите за инфлацијата.

Видеото може да го видите на следниот линк: