Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска остварил средба со претставници на Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска остварил средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти.
 
На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, е разговарано за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу Министерството и пациентските организации.

Алиу нагласил дека Министерството за здравство останува целосно посветено на обезбедување одржлив и предвидлив систем за набавка на терапија за пациентите со ретки болести, при што новиот модел со тригодишни постапки за јавна набавка има за цел да обезбеди поголема стабилност, навременост и подобро планирање во интерес на пациентите.
 
Во таа насока, на средбата од страна на министерот Алиу низ конкретен пример бил истакнат новиот рационален пристап во управувањето со средствата за набавка на лекови за ретки болести.

-За лекот за ретки болести OXLUMO (lumasiran), кој се користи за пациентите на Клиниката за детски болести, со спроведеното годишно усогласување на цени е постигнато намалување на цената за 96.248 денари, а по спроведување на јавната набавка од Министерството за здравство, со веќе воведениот модел за набавка на лековите за ретки болести со тригодишни постапки, се очекува да се постигне заштеда кај овој лек од околу 68.600 евра, ги информираше Алиу претставниците на Националната алијанса за ретки болести.
 
Се посочува дека Министерството за здравство и во наредниот период ќе продолжи со редовна комуникација со Националната алијанса, со цел навремено адресирање на сите прашања и заедничко креирање решенија во најдобар интерес на пациентите. Министерството за здравство, како што се наведува во соопштението, останува отворен партнер на пациентските организации и посветено на политики што значат навремена терапија, одговорно управување со средствата и унапредување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести.