Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Кумановската подружница на „Македонски шуми“ ќе ги мапира површините во кумановско

Кумановската подружница на „Македонски шуми“ ќе почне со опсервација на површните во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановската подружница на „Македонски шуми“ ќе почне со опсервација на површните во поширокиот Кумановски Регион и ќе ја утврди сопственоста на површините, информираа денеска надлежните. Онаму каде што дел од површините се во сопственост на друго претпријатие ќе се разговара за надминување на административните бариери и дозволи за да може да се изврши пошумување.

-Проблемот со „непошумените“ и „оголените“ површини во Кумановскиот Регион, на кои реагираат граѓаните, не е едноставно прашање на неактивност или негрижа од страна на институциите, туку сложен системски предизвик поврзан со сопственоста на земјиштето и законските ингеренции. Ова укажува дека значителен дел од површините што јавноста ги перципира како погодни за пошумување, всушност не се под надлежност на институциите задолжени за шуми-изјави раководителката на подружницата, Катица Станковска Ристовска.

Клучниот проблем е што дел од тие површини се приватни парцели, додека други се класифицирани како пасишта. Ова создава правна бариера институциите задолжени за шуми не можат да интервенираат на такви терени без соодветна промена на нивниот статус или координација со други субјекти. Пасиштата се под управување на друго јавно претпријатие, што значи дека секоја иницијатива за пошумување мора да биде резултат на меѓуинституционална соработка.

Реклама

– Во Кумановскиот Регион имаме сериозен проблем со т.н „оголени површини“. Граѓаните реагираат и бараат пошумување на некои ридишта, површини, но мора да потенцираме дека дел од тие површини се во приватна сопственост, дел се пасишта. Ние како претпријатие не можеме да пошумуваме на пасиштата. Се надевам дека во догледно време ќе биде решен овој проблем на кој реагираат граѓаните во координација со јавното претпријатие „Национални шуми“ и јавното претпријатие „Пасишта“ – изјави Станковска Ристовска.

Со пошумувањето, како што објасни, се намалува ризикот од пожари, бидејќи токму на таквите површини има висока трева која често е зафатена од пожари. За тековната година се предвидени подготовки за есенско пошумување на опожарени површини во реонот на селото Стрезовце. Паралелно, ќе се спроведуваат и контроли на претходно засадените садници за да се утврди нивната долгорочна успешност. Најдобар начин за да се обноват шумите е активното пошумување.