Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Заврши темелната конструкција на Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово

Со вложени речиси пет милиони евра од државниот буџет и Европската Унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вложени речиси пет милиони евра од државниот буџет и Европската Унија во Тетово заврши целосна реконструкција на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“.

Темелно се обновени пет објекти, нова енергетски ефикасна фасада, нова кровна конструкција, заменети се вратите и прозорците и обезбедена е пристапност за лица со посебни потреби во двата главни објекта. Во училиштето има над 1000 ученици и 150 наставници. 

По повод завршувањето на реконструкцијата, училишниот центар денес го посетија министерката за образование и наука Весна Јаневска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. 

Министерката Јаневска рече дека оваа крупна инфраструктурна инвестиција во образованието, всушност е реализирана и е една од обврските на државата предвидени во Реформската агенда. До крајот на 2027 година треба да се основаат осум регионални центри, од кои седум се веќе основани, а три од нив се целосно реконструирани.

Реклама

-Сите стари објекти на кои верувам тетовци и минатите генерации се сеќаваат во каква форма беа, сега се трансформирани во модерни простории, одлично се опремени со училишна, информатичка и електромеханичка опрема и нивото на квалитет на воспитно – образовниот процес е значително подигнато. Очекувам училиштето да продолжи да создава уште подобро подготвени и потребни стручни кадри кои ќе се вклучуваат во општествените процеси, во индустријата и економијата, рече Јаневска. 

Градоначалникот на Тетово, Касами со оценака дека овој центар сега е еден од најмодерните во државата.

-Ве замолувам од денеска да не се идентификува ова како земјоделско училиште, туку веќе станува еден од најважните и најразвиените регионални центри за професионално образование во државата. И така го промовираме пред нашите деца затоа што ова е една од ретките можности за нашите деца се подготвуваат од професионален аспект во средно професионално училиште, закога ќе завршат  да можат да бидат подготвени за пазарот на труд, рече Касами. 

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека  нема подобро вложени средства од тие во образованието. Тој посочи дека Европската Унија е исклучително горда што имаше прилика да работи на овој регионален центар. 

-Оваа е инвестиција во земјата и во нејзиниот одржлив раст и во нејзиниот развој. Ова е добар пример за тоа како јавните средства и средствата од ЕУ може да се искористат за да се трансформира училиште коешто било пред распаѓање и тоа да прерасне во еден ваков регионален центар, рече Рокас. 

Премиерот Мицкоски рече дека оние коишто ќе го стекнуваат своето знаење тука се генерациите на кои ќе се потпира оваа држава. 

-Тоа се генерациите коишто треба да ја развиваат земјата, а ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие, посочи Мицкоски. 

Премиерот потсети дека ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, Владата гради уште две нови средни училишта. 

Во рамки на ова државно училиште се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање.