Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Води Радически од ВМРО-ДПМНЕ, пред Усеини од ВРЕДИ и Радески од СДСМ

Државната изборна комисија (ДИК) го активира сајтот за онлајн следење на резултатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) го активира сајтот за онлајн следење на резултатите од гласањето на денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според досега објавените резултати, Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 891 глас, Јакуп Усеини од коалиција ВРЕДИ 438, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ 226, Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ) 78, независниот кандидат Душан Богдановски 16, а независната кандидатка Арифе Идризи нема ниту еден глас.

ДИК закажа прес-конференција за 21:30 часот на која, како што информира, ќе бидат објавени првичните неофицијални резултати од денешното гласање.

Реклама

Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ДИК ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

На предвремените локални избори за градоначалник во Брвеница право на глас имаа 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. Тие можеа да се изјаснат за еден од шестмината кандидати: Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).

Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.