Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

– На прес-конференцијата во просторитие на партијата „Вреди“ во Тетово, партискиот портпарол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На прес-конференцијата во просторитие на партијата „Вреди“ во Тетово, партискиот портпарол Дритон Сулејмани информираше дека нивниот кандидат Јакуп Хусеини не освоил доволно гласови за да се пласира во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Сулејмани изрази благодарност до Хусеини, за кого рече дека дал максимум во овој процес. 

– Контактираше со сите жители на Општина Брвеница, ја претстави својата платформа пред нив. Но, желбата на граѓаните е таква каква што е. „Вреди“ ќе ги поддржува сите населени места во кои живеат Албанци. Ние ќе продолжиме да го одржуваме зборот, досега сме одвоиле над еден милион евра за населени места со претежно албанско население и овој тренд ќе продолжи и во идните години. Никогаш не сме правеле разлика кој ја менџира општината, кој бил градоначалник и од која политичка партија бил. Општината добила поддршка без резерва за сите проекти што биле поднесени до Владата, така ќе продолжиме и понатаму, истакна Сулејмани. 

Реклама

На новинарско прашање кого партијата „Вреди“ ќе поддржи во вториот круг избори, Сулејмани рече дека треба да одлучи претседателството на партијата.  Тоа што Јајуп Хусеини му честитал на Аркин Јахији, Сулејмани го оцени како висок демократски потег.