Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница.

Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг.

– ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните. Ова е важна порака од граѓаните до раководството на СДСМ, истакна Мицкоски на прес-конференција.

Реклама

Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Народот, рече, одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината.

– Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините, со јасни приоритети и уште поголема одговорност, напомена Мицкоски.

Како што оцени, со оглед дека на изборите во Брвеница има повеќе кандидати, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што фаворит е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени околу 3.000 гласа.